Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините со магла или значителна ниска облачност, која попладне ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, наутро со услови за појава на магла и ниска облачност, кои попладне ќе се намалуваат. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени, јави УХМР.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност најизразена в недела и в понеделник, а по котлините и понатаму ќе има појава на магла.

Претходна вестВлатко Стефановски најбаран во Хрватска, ги фрли во сенка „Бајага“, „Црвена јабука“
Следна вест151 санкција за непрописно престигнување, 62 за возење под дејство на алкохол