Влатко Стефановски најбаран во Хрватска, ги фрли во сенка „Бајага“, „Црвена јабука“

„Taftalidze Shuffle“, најновиот албум на Влатко Стефановски, се најде во топ најпродавани албуми во Хрватска. Неговото издани ги стави во сенка „Црвена јабука“, Бајага, Божо Вреќо, Амира Медуњанин…, реизданијата на „Мајке“, „Пипс, чипс и видеоклипс“, Дискобиографијата на Габи Новак… Феноменот е во тоа што албумот е отпеан на македонски јазик.

На новиот албум членуваат басистот Иван Кукиќ и неговиот син Јан Стефановски на тапани. „Taftalidze Shuffle“ е сниман во домашното студио на Влатко – „Езотерија“, додека миксот и мастерингот се работени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски.

На албумот има и многубројни гости: Дамир Имери, Кирил Џајковски, Диран Тавитјан, Тихомир Поп Асановиќ, Матија Дедиќ и Васил Хаџиманов.

Претходна вестСкопјани: Не делете совети што ако не касне куче, соберете ги од улица, отворете нов стационар!
Следна вестПроменливо облачно време со сончеви периоди