Скопјани: Не делете совети што ако не касне куче, соберете ги од улица, отворете нов стационар!

Агенцијата за храна и ветеринарство даде насоки како треба да се реагира ако ве касне куче. Каде треба да се јавите и што да направите. Корисна информација се разбира несомнено, достапна е и на веб страната на Агенцијата.

– Ако животното е со познат сопственик, веднаш треба да пријави телефонски до надлежниот официјален ветеринар од општината каде се случило каснувањето. На интернет страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е објавена листата на официјални ветеринари и општините кои се надлежни да постапат во ваков случај… Ова се само дел од насоките како понатаму.

Посветен е и простор во објаснување како да се делува ако сте нападнати и каснати од куче скитник. Информациите се секако корисни ама наидоа на иронични критики и шеги од страна на твитерџиите.
– А да отворите уште една-две „Лајки“ наместо совети да делите?!
– Знаеме што треба да направиме, не е лошо и вие, надлежните, да се освестите! Аеродром врие од кучиња скитници, не е работата само да кажете дека го отворивте „Лајка“, туку тоа требаше да биде многу поголемо со многу повеќе тимови кои ќе работат на терен.Или пак да отворите уште една „Лајка“. Вака изгледа како козметичко решение а не и суштинско, оти кучињата пак се во глутници кај „Бисер“, пак касаат и не се во помал број… Вака реагираат скопјани на социјалните мрежи.

Дали можеби Градот ќе размисли и ќе го прошири капацитетот на „Лајка“ ? Дали има намера да изгради нов стационар? Вакви објаснувања до сега не се дадени.

Претходна вестБрисел ќе чека Нова Година без заклучоци за проширување, Чешка и Словачка не го прифатија бугарското „погрешно толкување на историјата“
Следна вестВлатко Стефановски најбаран во Хрватска, ги фрли во сенка „Бајага“, „Црвена јабука“