Стоилковски: Шилегов плаќал по 50.000 денари месечно за правни совети од неговата адвокатска фирма

Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќа консултации за правни работи сам на себе. Ова денеска го посочи прортпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов. На Петре Шилегов малку му е платата како градоначалник на Скопје, особено што не работи ништо, па мора и хонорар да зема од градската каса! Со години, Петре адвокатот го советувал градоначалникот Шилегов за правни работи, посочи Стоилковски.

Според партискиот портпарол, Шилегов за тоа си исплаќал по 50.000 денари месечно.

-Или во просек, Шилегов си потпишува консултантски услуги сам на себе, за што скопјани му плаќаат околу 10.000 евра годишно. И тоа Шилегов го прави со години. Ова е класичен криминал, класичен судир на интереси, класична корупција и злоупотреба на позиција на функција, обвини Стоилковски и додаде дека градоначалникот мора да ги врати сите пари подигнати од буџетот на име консултации од сам себе.

Претходна вестЗатворен локал во Петровец што не ја почитувал забраната за работа по 18 часот
Следна вестПендаровски ќе работи да се запре иселувањето од Македонија или и тој ќе се исели?