Падот од тракторот кој го возел нејзиниот дедо вчера бил кобен за 16-годишно девојче од радовишкото село Габревци.
–На влезот од село Габревци, Радовишко, вчера починала 16-годишна малолетничка откако паднала од тракторот управуван од нејзиниот дедо Ѓ.А. (60) по што била прегазена од полуприколката, соопшти полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Радовиш.