Скопската вода проверена на 39 мерни места, добра е за пиење

Безбедна за пиење е водата која секојдневно ја конзумираат жителите на главниот град на Македонија, покажала последната анализа на Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација”.

Секторот за санитарна контрола во период од 31 август до 4 септември зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Град Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во информацијата.

Претходна вестКазни за 408 лица кои не носеле маска
Следна вест16-годишно девојче загина по пад од тракторот на дедо и