Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 166 нови случаи на Ковид-19 од 1.756 теста, соопшти Министерство за здравство. Од нив, регистрирани се 46 случаи во Скопје, 17 во Куманово, 13 во Штип, по 12 во Прилеп и Делчево, 11 во Тетово, седум во Кочани, шест во Пехчево, по четири во Струга, Битола и Берово, по три во Дебар, Велес, Струмица, Виница и Свети Николе, по два случаи се регистрирани во Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Македонски Брод и Кратово и еден случај е регистриран во Пробиштип.
Институтот за јавно здравје регистрирал 224 оздравени пациенти, односно, 59 од Скопје, 34 од Куманово, 28 од Дебар, 17 од Гостивар, 15 од Штип, по седум од Демир Хисар и Виница, по шест од Прилеп, Тетово, Струга, Охрид, Кавадарци и Македонски Брод, пет од Неготино, по четири од Велес и Кичево, два од Берово и по еден од Битола, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Свети Николе.
Нема починати пациенти.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14762, бројката на оздравени пациенти е 11965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2191, информираат од МЗ.
На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се девет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 44, а нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две позитивни деца, четири мајки и четири деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 22 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107 , позитивни и сомнителни на ковид-19, стои во соопштението на МЗ.