17-тиот по ред „Фолклорен мост“ почнува во среда

Седумнаесетта година по ред, на 24 август се одржува Меѓународниот фолклорен фестивал ,,Фолклорен мост”, во Струга. Локацијата е Паркот на поезијата, а почетокот е 20 часот.

-Манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното издание ќе учествуваат 8 фолклорни ансамбли и друштва од Македонија и од земјите на Балканот и тоа КУД „Илинден“ – Струга, КУД „Дримкол“ – Вевчани, КУД „Илинден“ – Демир Хисар, КУД „Бранко Радичевиќ“ – Стара Пазова, Р. Србија, КУД „Мислешево“ – Мислешево, КУД „Бисер“ – Кичево, ФА „Филиграни“ – Охрид и ФА “Ivan Goran Kovačić” Sisak – Хрватска, информираат од  Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Годинава ќе настапат околу 200 учесници кои преку песни и игри, ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.

Претходна вестНевремето ги сотре Прилеп, Долнени, Кривогаштани: Дел од жителите ќе се евакуираат со трактори
Следна вестРеката во Лажани ги казни несовесните градители… Поплавени и Виница, Неготино, Тетово…