174 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 мерки за непочитување на првенство на минување, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при возење…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестЌе се подобрувал Собранискиот ТВ канал, а пратениците…
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Што има врска Демачи со Скопје, СДС ја уништува македонската историја