При полициска контрола за само неколку часа на територијата на Македонија вчера биле казнети 197 пешаци. Дури 175 од нив небезбедно преминувале преку улица.
– Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08.00 до 12.00 часот при акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, изречени се 197 казни од кои 175 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин и 49 за останати прекршоци, информираат од МВР.
Оттаму и потсетуваат, пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.