Темен режим Режим на светлина

Министерот за здравство се оградува: Министерството не е најодговорно за смртта на пациентот со цистична фиброза

Кој министер потпишал Правилник спротивен на Законот што го регулира производството на канабис? Кој министер потпишал Правилник спротивен на Законот што го регулира производството на канабис?

Министерот за здравство Беким Сали, прашан дали се чувствува одговорен за смртта на пациентот Благојче Илиевски кој ја изгуби битката со цистичната фиброза, без да го добие лекот, не одговори конкретно. Тој посочи само дека изразил сочувство до членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза. Министерот додаде дека тоа е затечен проблем, а Министерството не е најодговорна институција за то

– Тој проблем беше наталожен од други фактори, не од Министерството за здравство. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно ги овозможува сите движења. Не е најодговорна институција за овој случај, ние навремено побаравме поддршка и од Владата и од Министерството за финансии – за да одговориме позитивно, рече Сали.

Го повтори ставот дека сега ќе се вршат измени на три закони по што ќе почнат преговори за набавка на лекот „трикафта“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Откриен нов слој на Земјата, стопени карпи кои покриваат половина од нејзината површина

Следна објава

175 лица преминале улица каде ќе им текне - заработиле казна