Наставник претепал ученик во основно училиште во Гази Баба

На 09.02.2023 во 11.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.Ј.(51) пријавил дека на 07.02.2023 околу 11.00 часот неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на учител во основно училиште на подрачјето на Гази Баба.

Во врска со случајот, на 08.02.2023 во 22.40 часот од ГОБ „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник кој бил физички нападнат од учителот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестРаботнички се засили со Филип Тодороски
Следна вестМВР: Лажни се денешните дојави за бомби во училиштата