Темен режим Режим на светлина

ЕК: Софија и Скопје да избегнуваат непотребни тензии

Бугарија и Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии, соопшти Европската комисија во врска со последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје.

– Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензиии, истакнале од ЕК за БНТ.

Брисел не ги коментира случувањата на границата на 4 февраури. Велат дека не коментираат тековни истраги или правни постапки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Студено утро, сонце и мала облачност

Следна објава

Приведен сопственик на портал, осомничен е дека ширел расистички и ксенофобичен материјал