Заслепени ли се граѓаните па не гледаат дека ДУИ и СДСМ ги водат по вистинскиот пат?

Македонија ја водиме по вистинскиот пат; Откако сме на власт земјата оди по сигурна траса… ова се едни од многуте самофалења на министрите од владата на ДУИ и СДСМ. Ама поголемиот дел од граѓаните на Македонија сметаат спротивно – земјата се движи во погрешна насока. Кој греши?

Земјата е во сериозна криза, корупцијата го разјадува општеството, образованието и здравството сае рефоирмираат континуирани и никако да се постават на нозе, судството предизвикува крајна недоверба, на надворешен план Македонија освен сервилност скоро и ништо друго не нуди…

Сетоа тоа предизвика завчера објавената анкета на „Евробарометар“ да покаже дека повеќе од две третини од граѓаните сметаат дека курсот на македонскиот пат не е добар.

-Вкупно 61 процент од испитаниците сметаат дека во земјава нема демократија, а 72 отсто сметаат дека државата се движи во погрешна насока, соопштија од невладината организација „Евротинк“ за расположението на македонските граѓани.

Високиот процент на граѓани убедени дека Македонија се движи во погрешна насока само се надоврза на оној кој во декември лани беше објавен во анкетата на ИРИ. Тогаш, само 13 отсто од граѓаните одговориле дека земјата се движи во вистинска насока, додека дури 58 проценти одговориле дека државата се движи во погрешна насока.

Можно ли е македонските граѓани да не го гледаат она што го гледаат оние што ја водат државата? Континуирано од владините функционери ни стасуваат убедувања дека земјата е на вистински пат. 

– Имаме одржливи реформи, имаме препознаен напредок и ни претстојат нови можности, неодамна изјави вицепремиер Бојан Маричиќ.

Граѓаните на Македонија се ептен заслепени и не го гледаат напредокот кој ни го носи Меричиќ и неговите колеги или пак вицепремиерот не гледа дека тој пат е сличен на оној Кичево – Охрид кој со години ударнички се прави ама никако да се направи?

Претходна вестМакедонски војници спасија петгодишно дете во Турција
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Болен од цистична фиброза почина, Ковачевски треба да одговорa