МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во училиштата

По денешните дојави за бомби, во 19 училишта, од МВР информираат дека се завршени проверките и станува збор за лажни закани.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (09.02.2023) во 15.55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

Претходна вестНаставник претепал ученик во основно училиште во Гази Баба
Следна вестАлијанса за Албанците вечерва дефинитивно одлучува дали ќе станат дел од Владата