Регистриран земјотрес 165 километри југозападно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрираше земјотрес 165 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје во Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи, во 18 часот и 47 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.

Претходна вестВлегол во кафич со пиштол и им се заканувал на гостите и на вработените
Следна вестСтудено утро, сонце и мала облачност