Влегол во кафич со пиштол и им се заканувал на гостите и на вработените

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(58) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 16.12.2022 во угостителски објект на улица „Дервиш Цара“ во Тетово, пријавениот, поради нерасчистени имотно-правни односи, со пиштол упатил закани кон сопственикот на објектот и присутните гости.

Претходна вестАлијанса за Албанците вечерва дефинитивно одлучува дали ќе станат дел од Владата
Следна вестРегистриран земјотрес 165 километри југозападно од Скопје