Темен режим Режим на светлина

Советници од советничката група на СДСМ од редовите на ЛДП и од ДС во Кисела Вода преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

Двајца советници од советничката група на СДСМ во Советот на Општина Кисела Вода, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, објави денеска градоначалник на оваа скопска општина Орце Ѓорѓиевски.

Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ. Тие сега ја напуштија советничката група на СДСМ.

-Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители. Да живее Македонија, порача градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во објавата на својот профил на Фејсбук.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полуматуранти славејќи запалиле училиште во Црна Гора

Следна објава

Доколку се продолжи во ваквите изјави Преспанскиот договор ќе се поништи, вели грчки министер