Темен режим Режим на светлина

Лејкерси го елиминираа Хјустон, следен предизвик – шампионот Оклахома

Лејкерси го елиминираа Хјустон, следен предизвик – шампионот Оклахома Лејкерси го елиминираа Хјустон, следен предизвик – шампионот Оклахома

Леброн Џејмс уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите на сите времиња, откако ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до пласман во второто коло од плејофот на Западот.

Во шестиот и одлучувачки натпревар против Хјустон Рокетс, Лејкерси славеа убедлива победа од 98:78, а Џејмс постигна 28 поени и беше лидер на теренот. Во отсуство на повредениот Лука Дончиќ во текот на целата серија, искусниот кошаркар повторно ја презеде одговорноста и го однесе својот тим понатаму.

Покрај Џејмс, одличен настап имаше и Руи Хачимура со 21 поен, додека кај Хјустон се истакнаа Амен Томпсон со 18 и Алперен Шенгун со 17 поени.

Во следната рунда Лејкерси ги очекува далеку потежок предизвик против актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер.

Во останатите натпревари, Торонто Репторс изборија мајсторка по драматична тројка на Ар Џеј Берет, додека Детроит Пистонс израмнија на 3-3 во серијата со Орландо Меџик по убедливата победа од 93:79.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Строги правила за сопствениците, доаѓаат големи измени во заштитата на животните

Строги правила за сопствениците, доаѓаат големи измени во заштитата на животните

Следна објава
Пентагон најави намалување на трупите во Европа, повлекуваат 5.000 војници од Германија

Пентагон најави намалување на трупите во Европа, повлекуваат 5.000 војници од Германија