Значително намалување на производството на овошје е забележано минатата година во споредба со прекланската година, соопшти Државниот завод за статистика.
Инаку, во 2023 година се регистрирани 514.375 хектари обработлива површина во земјава но забележано е намалување на површините кај овоштарниците за 2,5 отсто и лозјата за 4,6 проценти.
За повеќе од половина или за 51,2 проценти, е скратно производството на јаболка. За само една година статистиката забележала пад од 164.530 тони на 80.283 тони. Кај праските лани има пад од 12.311 на 6.157 тони, што претставува минусирање од 50 отсто. Падот кај производството на сливите е за 46,1 процент, од 39.512 тони во 2022 на 21.313 тони во 2023. Помалку ги има и крушите – за 41,2 отсто, односно од 10.327 на 6.075 тони.
Кај сончогледнот во текот на минатата година кај оваа култура има пад од 39,5 проценти. Од прекланските 9.833 тони, производството лани се спуштило на 5.950 тони. Намалувањето кај краставиците е за 34,3 проценти, од 48.190 на 31.657 тони. Производството на доматите, пак, е намалено за 23 отсто. Од прекланските 151.187 тони на 116.383 тони во 2023 година.
Зголемување статистиката регистрирала единствено кај производството на ориз – за 5,4 насто или од 18.981 на 19.997 тони, и кај пиперките за 4,1 процент, од 237.624 тони во 2022 на 247.417 тони во 2023 година.
Површините под овоштарниците се намалени за 2,5 проценти, односно од 16.852 хектари во 2022, лани опаднале на 16.423 хектари. Кај лозјата опаѓањето е 4,6 отсто. Во 2022 година под лозови насади биле 23.425 хектари, а во 2023 – 22.353 хектари.
Загружувачки податоци. А власта делеше милионски субвенции и уверуваше дека земјоделството заздравува.