18 – годишен шофер прегазил малолетна девојка во Гостивар

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Гостивар. Во несреќата учествувал млад шофер кој прегазил малолетна девојка. За несреќата се огласи и МВР:

Вчера (8 февруари) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „101“ во Гостивар патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Н.З. од гостиварски Балиндол удрило во малолетничка од Гостивар.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, а нешто подоцна Н.З. е лишен од слобода.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Претходна вестПреку Меџитлија во Грција може да се влезе со автомобил, грчките земјоделци блокираат само камиони
Следна вестРеакциите имаа ефект: Бектеши најавува репреговарање со еден од четирите инвеститори во енергетиката