18-годишник обљубил малолетно девојче во Гевгелија

Во Гевгелија вчера бил пријавен случај на обљуба на малолетно девојче, соопшти полицијата.

-На 30.12.2020 во 14.30 часот во ОВР Гевгелија, 40-годишен маж од с.Градско пријавил дека на 23/24.12.2020 во Гевгелија Ѓ.Х.(18) од Гевгелија извршил обљуба врз неговата ќерка, се наведува во информацијата на МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Ѓ.Х. бил приведен и задржан за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестБез гајле во 2021: Политичкиот врв рече – имало причина за надеж
Следна вестПриведен македонски државјанин што убил две жени во Тирана