Приведен македонски државјанин што убил две жени во Тирана

Уапсен е македонскиот државјанин што претпладнево изврши двојно убиство на жени во Тирана.

Од албанската полиција информираат дека станува збор за Перпарим Адеми (59), кој во моментот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана за понатамошна постапка.

Адеми ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани. Како што соопштија од полицијата, тој испукал повеќе куршуми од автоматско оружје по што се дал во бегство.

Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите.

Претходна вест18-годишник обљубил малолетно девојче во Гевгелија
Следна вестНови 536 случаи на корона вирус, починаа 15 лицa