18-годишник загина на автопатот Гостивар – Тетово

Загина 18-годишник на автопатот Гостивар – Тетово. Тој кај наплатна рампа Гостивар се забил во бетонски столб

– Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Е. З. од гостиварско Чегране, излетало од коловоз и удрило во бетонски столб. Во несреќата Е. З. добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош, а на пат за комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје им подлегнал на повредите, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид. По наредба на јавниот обвинител, ќе се врши обдукција.

Претходна вестДецата збеснуваат, ученик им се заканувал на соученици со лажен пиштол во Чачак
Следна вестМО ја почна постапката за изградба на споменици на загинатите бранители кај Љуботенски бачила, Карпалак и Вејце