На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 322 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, соопшти денеска МВР.
За жал, многу шофери во Скопје „забораваат“ дека треба да полагаат за возачка дозвола. Полицијата треба поревносно да ги потсетува.
Инаку, за пречекорување на максимално дозволената брзина санкциониорани се 105 возачи, а за технички неисправни и нерегистрирани возила 13.
-Казнети се и 20 мотоциклисти, а издадени се и 75 мерки за непрописно паркирање, 29 санкции кон пешаци и 34 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцираат од МВР.