Променливо облачно со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен дожд и појава на ретки грмежи, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 21 степен.

На подрачјето на земјава се очекува, исто така, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. На места врнежите ќе бидат од пороен карактер проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Од среда следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Во деновите од викендот ќе дува засилен југоисточен ветер и преку денот ќе биде значително потопло.

Претходна вестСе отвора групната изложба „Panic Room или скок во мислењето“ во Музејот на современа уметност
Следна вест18 шофери заборавиле да полагаат за возачка