Вчера на крстосницата од улиците Благоја Паровиќ и Џон Кенеди во Скопје, патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна полициска екипа.