Автомобил удри во пешак во Чаир, тешко повредена 65-годишна скопјанка

Вчера на крстосницата од улиците Благоја Паровиќ и Џон Кенеди во Скопје, патничко возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А. од Скопје, удрило во Н.Х.(65) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски, објави МВР.

Извршен бил увид од увидна полициска екипа.

Претходна вестНепознато лице украло документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
Следна вестСилјановска-Давкова положи заклетва: Ќе бидам претседателка на сите граѓани