На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои и у 24 за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
За возење повеќе од дозволената брзина 55 имало санкции, 17 за возење без возачка дозвола и 23 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
-Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.