Царинска управа: Запленети 22 часовници вредни 272.000 денари

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром „Скопје“ при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“, соопшти Царинската управа. Нивната вкупна вредност е 272 илјади денари, патникот не ги пријавил при влез во државата.

-Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер, велат од Царинската управа.

Часовниците, додаваат, се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Претходна вестФилипче: Не само што СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија 
Следна вестЛавров и се закани на Франција: Воен инструктор или платеник во Украина е легитимна цел на нашата војска