Намалениот обем на сообраќај и на бројот на превезените патници во овој деветмесечен период на корона кризата во Македонија речиси воопшто не ги намали иницидентите кои се случуваат во автобусите на ЈСП „Скопје“. За првите девет месеци од годинава, од јануари до септември, вкупно се забележани вкупно 186 инциденти, односно, само пет помалку од ланскиот период кога имало 191 иницидент. Ова го покажува Извештајот за остварените резултати во работењето во периодот од јануари – септември 2020 година кој денеска го разгледува Советот на Град Скопје.
Добро е тоа што годинава се намалил бројот на напади на возачите и ги имало само четири додека лани во истиот период имало 13.
-Се намалил и бројот на физичките пресметки во автобусите од 9 на 4, но се зголемил бројот на оштетувањата во автобусите: сега се забележани вкупно 126 а во ланскиот период ги имало 95. Имало и шест закани, и 46 инциденти од друг вид, се наведува во извештајот.