Центарскиот „пајак“ за седум дена собрал 101 возило, на 30 ставени „блокатори“

За седум дена санкционираа 131 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија денеска ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.

-Во периодот од 30.11. до 06.12.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 101 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 30 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во информацијата.

Претходна вестПендаровски незадоволен од функционирањето на кризниот менаџмент за пандемијата
Следна вест186 инциденти во автобусите на ЈСП иако е намален превозот поради пандемијата