Пендаровски незадоволен од функционирањето на кризниот менаџмент за пандемијата

Незадоволството од начинот на кој функционира кризниот менаџмент околу корона вирусот во државата вчера искажа претседателот на државата Стево Пендаровски. Во интервјуто за телевизијата Сител тој најави дека ќе се прави анализа за пропустите.

-Не сум задоволен како функционира целиот кризен менаџмент. Половина од кризната состојба, 15 дена се уште не направиле интерни внатрешни процедури. Тука зборувам за Центарот за управување со кризи, Дирекција за спасување, па и Министерство за здравство. Сите тие треба да бидат во еден систем. Кога се ова ќе заврши ќе свикам да се направи анализа за сите пропусти што ги имаме. Мораме да го кренеме нивото, ова не е задоволително дури ни за балкански услови. А, и не треба да се задоволуваме со тоа што ниту Србија, Босна… не се справуваат добро, рече Пендаровски.

Но, по ова се поставува прашањето дали за отколувањето на пропустите мора да се чека да заврши корона кризата или тоа треба да се прави сега кога е најпотребно. Кризата, извесно, ќе трае уште долго време и не смее да се дозволи пропустите да продолжат.

Претходна вестТри дена проекција на филмови на Митко Панов во Кинотека
Следна вестЦентарскиот „пајак“ за седум дена собрал 101 возило, на 30 ставени „блокатори“