На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои и 20 мерки за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл а за возење повеќе од дозволената брзина казнети се 44 возачи.
-Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 36 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.