19-годишник доби кривична пријава за убиство во обид

Постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид е причина што СВР Скопје поднело кривична пријава против 19-годишно момче од Скопје. Пријавата е поднесена од Единица за насилен криминал до Основно јавно обвинителство во Скопје бидејќи делото е казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

-На 16.04.2020 во атарот на село Петровец, пријавениот, по претходна вербална расправија поради фамилијарни проблеми и нетрпение, со тврд предмет го нападнал Е.Л.(39) од Скопје, по што со пиштол испукал неколку куршуми кон него, се наведува во соопштението.

Овој случај предизвика внимание во јавноста откако на 16 април полицијата приведе три лица, а кои давале противречни изјави за инцидентот во Петровец. Инцидентот избувнал на 16 април, а околу 14:00 часот во Полициска станица Петровец, лицето од Е.Л.(39) од с.Чифлик, скопско, пријавил дека е повреден во ногата. Тој објаснил дека на место викано „Шамак“, во атар на с.Петровец, скопско, по претходна меѓусебна расправија, Х.С.(19) од с.Петровец, со пиштол му пукал во ногата.

Веднаш потоа полициските службеници се упатиле на местото на настанот и го пронашле лицето Х.С.

-Тој имал повреда на главата од тап предмет и изјавил дека бил нападнат од Е.Л., кој потоа сам си пукал во ногата, се наведува во тогашен полицискиот извештај.

Подоцна, полицијата ја нашла и Ф.С. која му е сестра на лицето Х.С. и која, исто така била повредена, но во се уште неразјаснети околности

Претходна вестФилипче: Инфективните одделенија беа преполни пред две-три недели
Следна вестИнспекторите ќе добијат поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид-протоколите