На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои и 17 за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 70 санкции, а имало и 24 санкции за возење под дејство на алкохол и 12 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
-Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), се додава во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.