196 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 40, 14 за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 13 мерки за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал -црвено светло, пет прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, 72 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Претходна вестСимон Трпчевски и концертот „Данте 700“ на отворањето на „Филхармонија во движење“
Следна вестМоже ли Скопје да издржи над 750.000 жители со постојната инфраструктура за само 450.000?