209 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 11 санкции за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и шест мерки за користење мобилен телефон, четири за непрописно престројување, пет санкции за некористење сигурносен појас, 81 мерка за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Претходна вестОд денеска до 12 октомври се одржува „Џифони Македонија“
Следна вестСилен земјотрес ја погоди Далмација