Од денеска до 12 октомври се одржува „Џифони Македонија“

Од денеска до 12 октомври основци и средношколци од земјава и од странство ќе учествуваат на филмскиот фестивал за деца „Џифони Македонија“.

Фестивалот ќе се одржи во просториите на Кинотека и Младинскиот културен центар во Скопје, а предвидени се разни филмски проекции, дискусии и креативни работилници. За разлика од претходната, оваа година учеството на фестивалот делумно ќе се одвива со физичко присуство, а делумно онлајн. Физички ќе присуствуваат околу 180 ученици од основните и средни училишта.

На програмата ќе има 17 играни филмови, 28 кратки филмови во официјална селекција и програма ќе се одвива секој ден – проекција, па дискусија, па работилници. Најактивните џифонци ќе добијат награда да патуваат во Џифони на италијанското издание на фестивалот во 2022.

Претходна вестЗошто уште никој не одговара за пукањата на митинзите на ДУИ?
Следна вест209 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење