22-годишник приведен во Скопје откако го нападнал колегата

Вчера во 15:20 часот од комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен А.Р. со тешки телесни повреди, здобиени додека бил на работа во фирма во Скопје. По излегување на местото на настанот, од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека А.Р. бил повреден од друг вработен во фирмата, М.С.(22) од с.Визбегово, Скопско. М.С. бил приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Претходна вест21-годишник од Кондово нападнал полицајци, носел и нож
Следна вестПочинаа 20 лица од Ковид-19, регистрирани 515 нови случаи