249 санкционирани возачи во Скопје, 61 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 16 мерка за возење без возачка дозвола, три санкции за возачи почетници.

Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, 20 санкции за некористење сигурносен појас, 11 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 17 санкции за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестПосебен режим на сообраќајот во Скопје
Следна вестПренасочување на сообраќајот во општина Ѓорче Петров