Посебен режим на сообраќајот во Скопје

Денеска, од 16:30 часот, ќе има посебен режим на сообраќајот по улиците во централното подрачје во Скопје, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“.

МВР информира дека денеска, од 16:30 часот, ќе има посебен режим на сообраќајот по улиците во централното подрачје во Скопје, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка насловена како „Низ улиците на Скопје 2023“.

Трката ќе се одвива со траса на движење од „Порта Македонија“, плоштад „Македонија“, ул. „Никола Вапцаров“, па лево по ул. „Димитрие Чуповски“, потоа десно по ул. „11 Октомври“, лево по ул. „Филип Втори Македонски“, повторно лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај „Порта Македонија“ во Скопје, известуваат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Претходна вестШпанската полиција уапси 121 предофил, меѓу приведените и жени
Следна вест249 санкционирани возачи во Скопје, 61 за брзо возење