30-дневен притвор за осомничен за настаните во М-НАВ

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ. за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решние со кое жалбата на Јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, извести Основниот кривичен суд Скопје.

Против ова решение не е дозволено право на жалба.

Претходна вестКривична против тетовска, измамила маж дека е вработена во амбасада, за виза и дал 2.400 евра
Следна вестТетовец извадил 80.000 денари од фирмата во која не работел повеќе, поднесена кривична против него