Вчера во 03.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Цветово-скопско поради постоење основи на сомнение за сторено криично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“.
-По насоки од Јавен обвинител, од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево била известена Јавната установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје и заедно со претставници од установата од с. Цветово, била донесена малолетничката во Полициската станица Драчево. Извршен бил разговор со неа во присуство на претставници од ЈУМЦСР, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против А.Н. ќе следува кривична пријава.