329 новозаболени од Ковид-19 во Македонија, починале 18 пациенти

Во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања за Ковид 19 во Македонија. Регистрирани се 329 нови случаи за зарзени и тоа во Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе – 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1 информираа од министерството за здравство.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) ипо едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г),Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти. Инаку, до сега во земјата се направени вкупно 1.342.870 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091, бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924.

Претходна вестПриведен гласач во Скопје – искинал три гласачки ливчиња
Следна вестДел од кандидатите за градоначалници се разбудија како победници, а граѓаните со истите маки