Инцидент на избирачко месрто во Скопје. Имено, Претседателката на гласачкото место 2662 на улица „Антон Попов“ пријавила во МВР дека околу 12.45 часот, лицето М.П.(36) при остварување на право на глас од четири ливчиња, само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање.
За тоа бил известен присутен полициски службеник, по што лицето е лишено од слобода и приведено во полициска станица.