334 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои 24 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување под дејство на алкохол, 33 за користење на мобилен телефон, 20 санкции за неносење заштитна маска, 70 мерки за непрописно паркирани возила, a 56 возила се подигнати од „пајак“ службата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестГлавниот штаб за управување со кризи попладне ќе одржи седница
Следна вестГлоба за 704 лица за неносење маски