35 возачи во Скопје возеле пребрзо, полицијата ги стасала

Сообраќајната некултура во македонската метропола си живее убав живот. Само понекогаш полицијата го ремети тоа. Така, на принер вчера сообраќајците казниле 182 возачи во Скопје, од кои 35 за брзо возење, а 11 возеле без возачка дозвола.

Исто така 18 лица биле казнети оти возеле и користеле мобилен телефон. Изречени се седум казни за возење под дејство на алкохол, осум за некористење на сигурносен појас, шест за возач почетник и 29 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР уверуваат дека сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестЧетири лица од „Еуростандард банка“ осомничени за стечајот и за перење пари
Следна вестСкандал: Невработена лекарка извршила царски рез во болницата во Битола