38 лица се приведени, не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека во Македонија 48 лица го прекршиле полицискиот час, при што приведени се 38 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Од МВР информираат дека во изминатото деноноќие на 166 лица им се издадени решенија за изолација, а 197 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се седум лица кои ги прекршиле мерките.

По однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 591 прекршок.

Претходна вестКарантинот нека не го сопре Шилегов да прошета по Скопје
Следна вестПочинал на нива, си ја пресекол ногата со мотокултиватор