Починал на нива, си ја пресекол ногата со мотокултиватор

Несреќа со трагичен крај во кичевско. Имено, вчера во попладневните часови во СВР Охрид било пријавено дека во кичевското село Другово се случила трагедија во која загинал 54-годишник од селото.

Според пријавата, додека извршувал работи на нива со мотокултиватор, несреќниот 54-годишник ја исекол ногата и од здобиените повреди починал на самото место.

Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.

Претходна вест38 лица се приведени, не го почитувале полицискиот час
Следна вестАрсовски: Филипче се обиде да прикрие над 20 случаи во рок од 3 дена